2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Дождливо време до крајот на оваа, но и следната недела

Јуни 20, 2018

Во Пелагонија во изминатите 11 дена, заклучно со утрово, наврнат е воден талог од 21 до 64 литри на метар квадратен. Дождливо време ќе имаме и во наредните денови, но и следната недела, информираат од УХМР.

До петок во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе продолжи и во сабота и ќе услови значително опаѓање на температурата во наредните денови.

За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд.

Ваквотот време ќе предизвика проблеми кај метеоропатите. Денеска во вечерните часови, луѓето чувствителни на временски промени ќе почувствуваат општа слабост и главоболка, а симптомите ќе исчезнат во текот на ноќта. Но, повторно ќе се појават утревечер во вид на главоболка, болки во колената, грбот, вратот, а во петок овие болки ќе бидат уште поинтензивни, се наведува во биометеоролошката прогноза на УХМР.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани