2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ладино пејачката Сара Ароести ја раскажа приказната за најстарата жива Еврејка од Битола

Август 21, 2018

Познатата американска ладино пејачка Сара Ароести, која има битолско потекло на сопствениците на пицеријата „Равена“ во Битола денес му подари стара врамена фотогрфија од семејството Ароести Нахмијас кое до пред депортацијата живеело во овој објект на Широк Сокак. На фотогрфијата е и Рашел Нахмијас, роднина на пејачката, која денес има 101 година и е една од најстраите живи битолчанки. Од седумчленото семејство на фотографијата преживеале само Рашел и нејзиниот брат Жак, а придодадената фотографија е од Виктор Нахмијас кој тогаш не бил роден.

 

Ароесте раскажа дека Рашел преживеала со помош на албанскиот конзул кој ја скрил во багажникот од неговиот автомобил и ја пренел во Албанија.

„Ја пикна во багажник од својот автомобил и на тој начин албанскиот конзул ја спаси, а остатантите членови од семејството завршија во Треблинка. Преживеа и нејзиниот брат Жак кој имаше тргнато да се школува во Италија и беше вклучен во отпорот на партизаните. За време на Втората светска војна имал над 20 години“, раскажа Сара.  

Таа додаде: „Во октомври оваа година Рашел која живее во Бостон ќе наполни 101 година, порасна токму во оваа куќа овде на Широк Сокак. И кога ги виде фотогрфиите од минатата година што ги направивме на катот се потсети на скалиштето, на собите, на своето детство. Нашата идеја е да му пренесиме на посетителите овде дека вистински луѓе живееле во куќата, дека не било приказна и затоа им ја подаруваме оваа фотогрфија“, рече пејачката Сара Ароести.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани