2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За Чулако сите се селани вчера што беа на забавата во Инфоцентарот на Пелистер

Декември 23, 2024
Иван Чулакоски Иван Чулакоски

„Селска забава“ - вака битолскиот советник од ПОИНАКУ, Иван Чулакоски го нараче настанот, новогодишниот базар кој вчера во рамките на „Зимската приказна“ се одржа во Инфоцентарот на НП „Пелистер“. 

На денешната седница на Совет на опширната дискусија за развој на туризмот во Битола, за „Зимската приказна“ и прашањата како се трошат парите од буџетот на општина Битола за развој на туризмот во градот,  советникот Чулакоски два пати напоменува дека вчерашниот базар на Пелистер бил „селска забава“

 -1,5 милони денари префрламе на НП Пелистер како „амин“ за да ги пуштаме битолчани да влегуваат бесплатно во НП. Секоја година. Како што можите да видите Националниот парк освен селска забава, некни, и оро играње на сред планина - „Аџанак- баџанак“, видовме дека нема друг развој на планината освен селска забава“, рече Чулакоски од светничката говорница. 

  uploads thumbs resize 800x420 631995

 

 

Градоначалникот Тони Коњановски во говорот пред советниците побара од Чулакоски да им се извини на жителите кои живеат во селските средини, а кои присуствуваат на настаните на „Зимската приказна“.  

„Во оваа манифестација „селска“ како ја кажувате вие, спонзорите нешто и виделе. И на луѓето коишто живеат во селата треба да им се извините зошто и тие имаат потреба од „Зимска приказна“, рече Коњановски на говорница.  

 

А.Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани