2win800x200

Гламурозно отворање на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола

Април 24, 2026

Гламурозно отворање на 27 Интернационален фестивал на монодрамата во Битола. Свечено отворање со настапот на Бојан Стојков и

stand-up комедијата „Менопауза“ и настапот
на Тијана Дапчевиќ
 FB IMG 1777011205245
 
Со свечена и несекојдневна атмосфера, вчера во Битола започна 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. Отворањето беше организирано во два дела , прво на отворено, пред НУ Центар за култура , а потоа и со официјална програма на Големата сцена.
Во воведниот дел пред Центарот за култура, за значењето и традицијата на фестивалот се обрати долгогодишната соработничка и поддржувач на фестивалот, Љупка Коларова Пајевиќ, која веќе 26 години е дел од оваа театарска приказна. Атмосферата дополнително ја разубави мини концертот на Бојан Стојков, кој изведе песни од легендарниот Фреди Меркјури.
Со свечени зборови фестивалот беше официјално отворен, најавувајќи богата програма исполнета со врвни монодрамски остварувања од различни делови на светот. Оваа година фестивалската програма носи 13 монодрами од 10 земји: Казахстан, Египет, Ерменија, Романија, Чешка, Бугарија, Полска, Италија, Грузија и Македонија. Публиката секојдневно ќе има можност да проследи по три претстави, а новина годинава е и „Бар сцената“, нов експериментален простор во салата на поранешната кафеана, каде ќе се изведува по една претстава дневно.
Фестивалот беше отворен со урнебесната монодрама „Менопауза“, во изведба на Тијана Дапчевиќ, духовит и искрен стенд-ап за темите за кои жените често зборуваат тивко, а на сцената конечно се отвораат со многу хумор и самоиронија. Со искреност и без задршка, претставата ја насмеа публиката до солзи и донесе одличен почеток на фестивалската недела.
Годинашното издание носи уште една новина, снимање на документарен филм од околу 50 минути, кој ќе ги забележи сите значајни моменти од фестивалот, од подготовките па сè до доделувањето на наградите.
Фестивалската програма ќе заврши со претставата „Гидионовиот јазол“ на сцената на НУ Народен театар - Битола, кога ќе бидат доделени и фестивалските признанија, вклучувајќи ја и највисоката награда -Гран при.
Битола повторно живее во ритамот на монодрамата, уметноста на еден актер, една сцена и една силна приказна.
Фото Сашо Ставрев  FB IMG 1777011271289
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани