Во Македонскиот КИЦ во Софија отворена изложба за творештвото на браќата Манаки

Јуни 27, 2026

Синоќа во Македонскиот КИЦ во Софија беше отворена изложбата „La Belle Epoque – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки“, во организација на НУ Центар за култура Битола и Државниот архив на Р. Македонија, одделение Битола,
избор на фотографии и реализација на изложбата: м-р Гоце Стојановски и Димитар Ѓорѓиевски. Директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, Зоран Пејковски објави дека оваа културна вечер е посветена на творештвото на браќата Манаки – пионерите на балканската фотографија и кинематографија, чие дело и денес претставува непроценливо сведоштво за историјата, културата и духот на едно време. "Вечерта не претставува само отворање на изложба и филмска проекција, туку средба со едно извонредно културно наследство кое ги надминува времето и просторот, бидејќи делото на браќата Манаки не е само уметност, туку тоа е визуелна хроника на животот, документ за едно општество во развој и трајна меморија за културните и општествените промени на Балканот. Во рамките на настанот беше отворена изложбата „La Belle Epoque – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки“, преку која посетителите имаа можност да ја доживеат Битола од почетокот на XX век – град кој бил вистинска раскрсница на цивилизации, каде што се среќавале Истокот и Западот, традицијата и модерното, создавајќи препознатлив културен и урбан идентитет. Вечерта продолжи со проекција на оригинални филмски записи од браќата Манаки, кои и денес претставуваат едни од најзначајните документи за историјата и културата на нашите простори. Исто така ја нагласив и улогата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија како институција која континуирано работи на промоција на македонската култура надвор од границите на државата. Преку вакви културни настани се создава простор за дијалог, меѓусебно разбирање и заемна почит, а македонското културно наследство добива заслужено место во европскиот културен простор. Особено ми беше драго што вечерта ја споделивме со гостите од Битола. Пред присутните се обратија директорот на НУ Центар за култура – Битола, Сашо Илковски, кураторот на изложбата Валентин Соклевски, кој го претстави концептот и значењето на изложбата, како и режисерот Благојче Божиновски од Културно-информативниот центар – Битола, кој зборуваше за филмското наследство на браќата Манаки и неговата историска вредност. Ваквите настани имаат особено значење за афирмацијата на македонската култура, нејзиното претставување пред меѓународната јавност, а делото на браќата Манаки продолжува да нè потсетува дека културното наследство е жива вредност која ги поврзува минатото, сегашноста и иднината, објави Пејковски. FB_IMG_1782552597404

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани