2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Консултантска куќа од Америка ги испитува капацитетите за регионална депонија во битолско

Ноември 23, 2018

„Деновиве имавме посета од страна на консултантска куќа од Америка на покана на Владата, Министерството за животна средина го препрати претставникот тука, ги разгледа можностите за собирање и селекција на отпадот, количините, локацијата на новата депонија каде би била, за да може да направи посериона анализа и сето тоа да оди во една побрза динамика за доделување на концесија за регионална депонија“, рече Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“.

 

Тој појасни дека регионални депонии имаат ќар од наплаќање на отпадот што се носи кај нив. Наплаќаат по тон, а според првичните приоценки цените на пазарот се движат од 30, 50 па до 120 евра од тон. Ако сега некој граѓанин плаќа од 300 до 400 денари за сметка за ѓубре, цената ќе може да стигне до 1500 или 2000 денари.

„Тоа ќе значи голем финансиски товар за граѓаните и не ќе можеме тоа веднаш да го направиме, туку треба да се привикнуваме да слекетрираме, па преку селекцијата на отподот ние да носиме помали количини смет во таа депонија, а другите количини да бидат селектирани и искористиени за други намени“, рече Богоевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани