АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градешка река замрзна, но жителите и потомците на мариовското село Зовиќ се подготвуваат за големиот христијански празник Богојавление- Водици . Иако во селото има само седум постојани жители, нивните роднини од градот веќе им помагаат за да се одбележи празникот. Помладите започнаа со кршење на мразот и поставување на греди за да може да се наполни вирот со вода и да има каде да се фрли Светиот крст.
-На овој ден во Зовиќ се собираат преку стотини верници со потекло од ова село , како и нивни роднини и пријатели. Традицијата продолжува со тоа што млади деца се фрлаат по крстот, тој е сребрен стар со децении , а не дрвен. Крстот знае да пропадне во камењата и тињата така што верниците имаа тешка задача додека да го најдат, во минатото се случувало и да го празнат вирoт за да го извадат, вели Благојче Атанасовски, битолчанец кој потекнува од селото Зовиќ.