АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Агенцијата за млади и спорт ќе гради 15 затворени базени низ Македонија, а еден од нив ќе биде во Битола. Неофицијално дознаваме дека подготвителните активности се пред крај , се средуваат и комплетираат документите по што Агенцијата ќе распише тендер за изградба на базените низ повеќе градови во државата.
Што се однесува до Битола дознавме дека локацијата е одредена, иако од Општина Битола се уште не излегуваат со податоци се додека целата процедура не заврши до крај. Најверојатно истиот ќе се гради во непосредна близина на Градскиот стадион во Битола под Тумбе кафе.
Сепак дали ќе се исполни желбата на битолчани конечно да добијат затворен базен ќе се знае официјално во наредните денови.
Според информациите неодмна објавени во медиумите пет од базените ќе се градат во Скопје, во општините Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Аеродром и Кисела Вода, а преостанатите во Штип, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Тетово и Гостивар. Струга веќе има базен и тој ќе биде реконструиран.
Во повикот на Агенцијата се барало базенот да има должина од 25, ширина од 8,80 и длабина од 0,8 до 1,4 метри. За грижата и одржувањето на базените ќе треба да бидат задолжени општините.