2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден почина народниот херој Вангел Нечевски-Тунелот

Март 05, 2019

На денешен ден 5 март во 2006 година во Битола почина Вангел НЕЧЕВСКИ-Тунелот.

Роден бил во Битола на 17 март 1922 г. Бил припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Работел како наемен работник во тутунската индустрија. Пред Втората светска војна станал член на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ. Бил и активен член на прокомунистичките УРСС-ови синдикати. Подоцна бил примен за член на КПЈ.

По фашистичката окупација бил ангажиран во акциите на Месниот комитет на КПЈ за Битола за собирање оружје и за растурање пропаганден материјал. Бил уапсен од бугарската фашистичка полиција во почетокот на 1942 г. По половина година интернација, се вратил во Битола и кон средината на 1942 г. станал борец во Партизанскиот одред "Дамјан Груев". Подоцна бил курир на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Одржувал редовни врски со грчките и со албанските партизани, пренесувал илегално одговорни политички и воени раководители.

Пред крајот на антиокупаторската борба станал заменик-командант на дивизија. По ослободувањето од фашистичката окупација работел во органите на ОЗНА, вршел одговорни политички и државни должности во Битола и во Социјалистичка Република Македонија (СРМ).

Бил носител на Партизанска споменица 1941 г., на други награди и признанија, а за народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 г.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани