АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Програмата за решавње на проблемот со бездомните животни во Општина Битола, со која се утврдуваат активностите за третман на кучињата скитници ставена е на дневен ред на 34-та седница на Советот на Општина Битола, која ќе се одржи во среда, 22 мај. Оваа програма предвидува заловување, стерилизација, вакцинација и обележување на кучињата кои ќе се затекнат на јавна површина, по што ќе се вратат назад од каде што биле уловени.
“Главна цел на програмата е контрола на популацијата на бездомни кучиња, ефикасно, хумано и трајно надминување на проблемот, здравствена заштита и јавна безбедност на населението и намалување на нови кучиња на улица,“, се наведува во програмата која ќе се одвива во две фази. Првата ќе го опфаќа решавњето на проблемот до изградба на Регионален прифатен центар за бездомни кучиња, а потоа подготовка за третманот на бездомните животни по изградбата на Регионалниот прифатен центар за кој Општина Битола заедно со Пелагонискиот плански регион и во соработка со УНДП, работи на проетк за кој во тек е изработка на физибилити студија.
Во првата фаза, Општина Битола ќе ја продолжи соработката со ЈП Комуналец , но истовремено заедно ќе работат на отстранување на недостатоците во досегашното справување со бездомните животни
До изградба на Регионалниот прифатен центар ќе се користи посточекиот простор во Зооолошката градина во Битола, за што е предвидено негова реконструкција и осовремнување. Се предвидува месечно да се заловуваат по 20 кучиња скитници, колку што е капацитетот на просторот во Зоолошката градина, а Општината ќе работи на едукација и подигање на свеста кај населението за третманот на бездомните кучиња и ќе организра акции за вдомувае на кучињата.
Програмата ќе се применува веднаш по објавување во службен весник, а за нејзината реализација ќе се изготвува годишен извештај