АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Златна матура славеше генерацијата 19 68/69 година, од таканаречената Долната гимназија „Браќа Миладиновци“- Битола, која повеќе и не постои. Пред пет децении матура од оваа генерација славеле околу 180 ученици.
-Се собравме 66 матуранти, доста многу со оглед дека наближуваме до 70 години!, вели славеникот Владо Стојанов.
За прославата во Битола дојдоа и славеници кои одамна се иселени во дијаспората.
Стојанов вели дека добар дел од неговите некогашни соученици завршиле факултети. Па од оваа генерација има доста познати личности, особено лекари, специјалисти, познати на битолската јавност, како Рашко Наковски уролог и Нико Јанков ортопед од Битолската болница. Потоа Драган Андрески, генерал, војни аташе долги години во Турција и други битолчани кои се докажале во своите професии.