2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Преку ИПАРД исплатени 3,9 милиони евра за земјоделците

Јули 13, 2019

Гани Корчаревски, земјоделец од битолското село Граешница е еден од корисниците на мерките од ИПАРД програмата кои му помогнаат да набави современа механизација. Во неговата фарма денес го посети министерот за земјоделство Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски.

 

„Гани има аплицирано за Мерка 1 – инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства за набавка на трактори и механизација за ѓубриво. Преку ИПАРД Програмата се одобрени за враќање 22.225 евра. Ова се успешни примери за земјоделци кои ги препознаваат бенефитите од ефикасната искористеност на европските фондови, земјоделци кои инвестираат во модернизација на сопствено производство и знаат на крајот дека тоа ќе им биде исплатено“, рече Димковски.

Тој додаде дека заедно со Платежната агенција работат за олеснување на критериумите за добивање на средства од мерката ИПАРД. Ако порано за склучување договори се чекало по една година, сега првите договори од последните јавни повици се склучија за само два месеци.

„За само две години државата стана позитивен пример во регионот во делот на искористеноста на ИПАРД-фондовите. Само за првиот јавен оглас за ИПАРД 2 објавен во 2017 година се склучени 947 договори, досега се исплатени 3,9 милиони евра. Огромен интерес земјоделците покажаа и за двете мерки од ИПАРД Програмата, што се објавија во вториот повик“, истакна Димковски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани