АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Грчкиот инвеститор со текситилната фабрика САТ-МОДА во Битола во август годинава го прекинал производството и избегал, велат поранешни вработени за Апла.мк. Не само што без најава ставил клуч на фабриката туку на 150 вработени битолчани им останал должен две плати за месеците јули и август 2019. Вработените во САТ-МОДА и по неколку месеци немаат одговор што се случи во инвеститорот, кој во последниот период ангажирал лица да ги демонтираат машините од фабриката и тие да ги однесат.
-Не знаеме што се случи со фабриката. До 31 август 2019 работевме, и наеднаш се затвори. Газдата Ставрос Саитис ни остана должен за две плати, јули и август, неисплатен ланскиот одмор како и К-15 за годинава. Оваа фабрика во Битола функционираше од 1994 година, таму беше нашата егзистенција, а еве сега останавме на улица, без пари со долгови, велат сега поранешни вработени од фабриката САТ-МОДА.
А.Б