2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ЦРНО-БЕЛ БАЛ ВО БИТОЛА

Декември 11, 2017

Лајонс клубот Битола по 11 пат викендов го организираше традиционалниот црно-бел бал, најголемиот лајонистички настан и во Дистрикт 132 и во поширокиот регион.


Секоја година настанот е тематски посветен на одредена земја со која Лајонсите имаат и заеднички проекти. Оваа година 100 години Лајонизам во светот одбележува оваа најголема светска хуманитарна организација чии корени датираат во далечната 1917 година во Чикаго кога познатиот Чикашки бизнисмен Мелвин Џонс си го постави следното прашање: „Што ако овие луѓе кои се успешни заради нивната енергија, интелигенција и амбиција ги стават своите таленти во подобрување на заедницата каде што живеат?“
И тоа беше решавачкиот момент да се создаде првиот Лајонс Клубот под идејата дека не можеш самиот да стигнеш никаде се додека не започнеш да правиш нешто и за другите. Мотото на Лајонс клубот е “Служиме”и постојано ги потсетува лајонсите низ целиот свет за важноста на служењето на заедницата.25286882 10155552345119143 1664884238 n
Затоа оваа година балот беше тематски посветен на пријателството со САД, а амбасадорот Џес Бејли лично присуствуваше.
Пријателството и филантропијата се среќаваат на едно место. А од настанот произлегоа две донации: Урбана опрема во функција на зголемување на безбедноста на пешаците во сообраќајот со посебен акцент на слепи и лица со оштетен вид во вредност од 6.000 евра и 5.000 дански круни лично донирани од битолчанецот Пеце Бошковски со сопругата Лисе за децата со посебни потреби.
Според традицијата беа доделини јавни признанија на членови кои во текот на годината се истакнале со својата хуманост, беа примен и нови членови, а за почлесен чел на ЛК Битола беше промовирана битолчанката Јасмина Чакар, пијанистка.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани