АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ” во соработка со Центарот за култура, организираше Божиќен и Новогодишен концерт на кој настапија вокалната група и тамбурашкиот оркестар, како и фолклорното друштво на „Хрватска читална“ од Херцеговац од Р. Хрватска.
-Оваа соработка започна пред 5 години, драмската група беше гостин во Битола три пати, а минатата година господинот Маретиќ не покани да гостуваме тука. За нас оваа соработка значи многу, пред се промоција на нашата култура и нашиот регион, а потоа и пријателство со Хрватскиот културен центар кое се надевам долго ќе трае - истакна претседателката на „Хрватска Читална“ Зринка Цјетојевиќ.
-Традиционално долги години го организираме овој концерт на кој гостуваат бројни групи и ансамбли од Хрватска. На овој начин битолската публика и гостите кои ги имаме од другите градови, се запознаваат со хрватската култура, а ние пред се ја зачувуваме хрватската традиција, нашиот идентитет и јазик-истакна Бранко Маретиќ, претседател на Хрватскиот културен центар и Македонско хрватското друштво „Марко Марулиќ“.
Хрватската читална е основана во 1921 година и претставува центар на културните настани на општината и регионот. Во нејзини рамки дејствува и аматерскиот театар „Пучка сцена“, фолклорно друштво, тамбурашки оркестар и вокална група.
-Ние се собравме пред се да се дружиме. Нашата цел е преку песната да го промовираме нашиот крај, нашите обичаи -истакна диригентката на вокалната група, Николина Марениќ.
Изведуваат песни од хрватските региони, а некои од нив и во придружба на тамбурашкиот оркестар .
-Ние во Битола прикажавме дел од хрватските фолклорни обичаи, а пред се божиќните. Една стара хрватска традиција, која се одржувала некогаш, а ние преку пренесувањето на истата сакаме да ги поттикнеме младите да не заборават од каде потекнуваат и кои се- истакна водителката на фолклорната група, Валентина Мркоња.
Друштвото „Марко Марулиќ“ во текот на своето над 25 годишно постоење организираше многубројни гостувања како на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, така и на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска