АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Два тима на Општина Могила од неделата им носат храна и лекови на старите и изнемоштени лица во населените места во општината , како и на лицата кои се во изолација. Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска за Апла.мк потврдува дека
тимовите се формирани од страна на вработени во општинската администрација во рамките на Кризниот штаб кои секој ден им помагаат на старите болни и изнемоштени лица во набавка на најосновните продукти за живот.
-Храна , лекови и се за што нашите сограѓани имаат потреба им доставуваме преку нашите два тима. Опфатени се претежно старите лица, болните и изнемоштени граѓани, како и оние кои патувале во кризните подрачја па сега се во изолација од 14 дена. Во вакви моменти сите ние треба да покажеме солидарност, хуманост за секој од нас. Тоа го прави и Општина Могила, изјави за Апла.мк Гулевска.
Помошта на мобилните тимови на Општина Могила ќе се состои од
Помош за набавка на намирници;
Подигање на лекови од аптека и нивна достава до живеалиштето;
Плаќање на сметки
Оваа активност започнува од утре и сите граѓани може да се обратат на следните телефонски броеви-
070/726-223 Тони
078/479-270 Зоран