Денес се измиени и направена е целосна дезинфекција на двата пазари во Битола.
-Активностите ќе продолжат да се одвиваат континуирано со цел хигиената и чистотата на просторот на јавните пазари во Битола да се подигне на највисокото можно ниво, со што значително ќе се придонесе за превенција од ширење на коронавирусот и други заразни заболувања, велат од ЈП "Пазари"-Битола