АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 23 јуни 1943,во село Лавци, Битолско, загина Тодор АНГЕЛОВСКИ-Строгов (Тошо Даскалот), припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Роден е на 4 јануари 1910 г., во село Лавци, Битолско. Основно образование заврши во родното село и Битола, а Учителската школа во Прилеп ја заврши во 1929 г.
Потоа работи како учител и е меѓу најистакнатите прогресивни дејци во Битолско. Уште во периодот меѓу двете светски војни е член на КПЈ.
По бугарската окупација на Македонија еден од главните организатори на т.н. Илинденска демонстрација во 1941 г. во Битола. Заедно со Стив Наумов и Трајан Белев, во 1942 г. е најзаслужен и најангажиран при формирањето на Битолскиот партизански одред "Пелистер", на Битолско-преспанскиот партизански одред "Дамјан Груев" и на Партизанскиот одред "Јане Сандански". Бугарскиот фашистички суд во јули 1942 г. во отсуство го осуди на смртна казна.
Во втората половина на март 1943 г. поставен за командант на реорганизираниот и бројчано зголемен Партизански одред "Дамјан Груев"
Од мај 1943 г. поставен за командант на Втората оперативна зона. Откако е предаден, бугарската војска и полиција го блокира неговото родно село и тој за да не биде заробен се самоуби.