Учениците графичари од "Таки Даскало" и битолските писатели донираа книги и обележувачи

Април 21, 2021

Графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола во соработка со Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ деновиве реализираше донација на книги и обележувачи за книги по повод 23 април – Светскиот ден на книгата и авторското право. Донациите беа доставени до училишните библиотеки на сите основни училишта од Битола, како и на Педагошкиот факултет – Битола.

Учениците графичари во текот на месеците март и април изработуваа обележувачи за книги по сопствен дизајн за кои користеа познати, но и сопствени мисли за книгата и читањето, а беа изработени и обележувачи според корици на книги од писателите од Битолскиот книжевен круг..

Околу 1000 обележувачи беа донирани заедно со огромен број книги кои ги подарија писателите од Битолскиот книжевен круг, како и со изданија на СОУ „Таки Даскало“. 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани