АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 15 ЈУЛИ 1923, во село Лавци, Битолско е роден Панде ЈОВЧЕВСКИ-Кајзеро, припадник на македонско националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Од самиот почеток на антиокупаторската борба активно ја помагал. Веќе на 25 ноември 1942 г., се приклучил кон единиците на НОВ и ПОМ. Најнапред бил во По..Даме Груев“, а подоцна и во одредот „Јане Сандански". На 22 јуни 1943 г. кога селото Лавци било опколено од бугарска војска и полиција, тој заедно со Панде Ташкоски, тргнале да се вратат во партизанскиот одред но наишле на бугарска заседа која ги раздвоила. Панде Ташкоски успеал да се пробие, а Панде Кајзеро отпочнал нерамна борба со непријателот.
Успеал да ликвидира 13 бугарски полицајци и војници.
Откако му завршила муницијата, се самоубил.
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар