АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученици од Основното училиште „Елпида Караманди“, по иницијатива на одделенскиот наставник д-р Фанче Јошевска, а по повод патрониот празник гo посетија Општинскиот oдбор на Сојузот на Борци од Битола. Пред борците и нивните следбеници и почитувачи, учениците од класот на Јошевска изведоа пригодна програма.
Прво се обрати претседателот Александар Трајковски, а потоа учениците покажаа дека ја знаат историјата за народниот херој Елпида Караманди чие име го носи нивното училиште, пееја партизанска песна и имаа можност да поразговараат со претседателот за една историја која како што кажа и самиот претседател се помалку ја има во учебниците.
Учениците заедно со својот одделенски наставник биле креативни. На Сојузот на Борци им подарија изработен цртеж од сите ученици и претседателот реши истиот та биде врамен и да стои во просториите на Сојузот на борци во Битола.
По завршувањето на посетата претставник од Сојузот на борци заедно со учениците се упатија кон споменикот на народните херои Стив Наумов и Елпида Караманди. Додека се движеа на минувачите им подаруваа фотографија од Елпида Караманди на која ја пишуваше и нејзината биографија. За крај, положија цвеќе пред спомен-бистата на Елпида Караманди во градскиот парк.