АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН - 27 април во 1977 година, во Битола почина Атанас Тане Наумов, припадник на македонското националноослободително во Егејскиот дел на Македонија и на комунистичко движење на Грција, шпански борец, учесник во антифашистичката и Граѓанската војна во Грција.
Роден бил во селото Долно Котори, Леринско, Егејски дел на Македонија во 1907 г. Во 1933 г., станал член на КПГ (Комунистичка партија на Грција). Од 1937 г,, како доброволец, учествувал во интернационалните бригади на Шпанската граѓанска војна. По повлекувањето на интернационалните бригади тој емигрирал во Франција, каде во 1941 г. ја дочекал окупацијата од трупите на Третиот Рајх, па бил фатен од германското Гестапо.
Во мај 1943 г. се вратил во Егејскиот дел. Од КПГ бил коптиран за секретар на КПГ за Соровичкиот реон.
По повлекувањето на германските сили, продолжил да се бори против режимот на десницата, кој во тоа време завладеал со Грција. Како искусен борец бил поставен за организационен секретар на НОФ на Леринскиот округ. Подоцна во Леринско дејствувал како политички активист на НОФ, КПГ и ДАГ (Демократската армија на Грција). По поразот на ДАГ бил префрлен во Полска, каде во време на Информбирото бил обвинет како титовист и затворен.
По одлежани пет години во 1956 г. се вратил во Југославија, односно во НРМ.
Се населил во Битола и добил пензија како член на Југословенскиот сојуз на шпанските борци. Починал во Битола. Бил одликуван со повеќе признанија и ордени, меѓу кои и Јубилејна значка на југословенските доброволци на Шпанската републиканска војска во 1956 г.; Орден на братството и единството со сребрен венец во 1963. Ордена заслуги за народ со сребрна ѕвезда во 1963.; Два ордени за учество во Шпанската граѓанска војна од 1936-1939 година; Орден за храброст, признание доделено од Претседателот на СФРЈ во 1974 г.