АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Убавината на македонската носија вечерва ќе светне преку изложбата на фотографии „Фолклорни мотиви“ од истакнатиот битолски фотограф Петар Ставрев. Свеченото отворање е вечерва во Фоајето на Центарот за култура во Битола во 19 часот, а ќе се одржи во рамки на предфестивалската програма на 48 Интернационален фестивал „Илинденски денови“ во Битола.
Ќе бидат изложени четириесет фотографии со фолклорни мотиви кои Ставрев вешто и професионално ги уловил со својот фотоапарат на „Илинденски денови“, „Галичка свадба“, фестивалот во Долнени и на други манифестации. Комитското оро, играорните преплети, уникатниот македонски вез, традиционалните свадби и обичаи ќе бидат прикажани на 21 пано со фотографии.