2win800x200

Во Мезе бар „Јагода“ во Битола, со почеток во 21.30 часот вечерва ќе се одржи забава под наслов „Собиранка“, на која АКТО Фестивалот за современи уметности, Бош Фестивал, ДримON и „Прво па женско“ ќе ги промовираат своите активности, со фокус на претстоечките изданија на Бош и АКТО.

„Идејата на оваа забава е да обедини на едно место фестивали кои во својата основа ја промовираат современата продукција на уметноста во различните појавности и тематски преокупации и да ја покаже на едно место потенцијалноста во различните пристапи на фестивалско програмирање и фунционирање“, велат организаторите.

Забавата ќе се одвива со диџеј сетови на JOSS и Dejan Dex од Битола, а ќе има и визуелни и промотивни материјали.

Во следниот период ќе се одржат годинашните изданија на два од фестивалите, односно АКТО во Битола од 23 до 25 август и БОШ Фестивал  во Гевгелија од 24 до 26 август.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани