2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

За прв пат во село Долно Српци се гради парк. Со изградбата на овој парк и опремување на истиот со современа урбана опрема и хортикултурно уредување, овој дел од село Долно Српци ќе претставува уреден простор за одмор на жителите од оваа населено место.

“Жителите на село Долно Српци ќе добијат катче, комплетно уредено со урбана опрема, детски реквизити, осветлување и соодветно хортикултурно уредување. Ние како локална самоуправа ќе продолжиме со подобрувањето на условите за живот на граѓаните во населените места во Општина Могила.” - изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.

Изградбата на паркот во село Долно Српци е еден од предвидените шест паркови кои ќе бидат изградени во населените места во Општина Могила.

Од Општина Могила апелираат граѓаните да ги чуваат и одржуваат парковите, затоа што тие остануваат во нивна сопственост и за нивни потреби.

73322579 2608856492704782 1054351120400384000 n

73145422 2608856626038102 546202480069836800 n

Изгорена електрична инсталција, откорнати електрични броила, испукани и потемнети ѕидови, искршени прозорци, оштетени лустери и други  предмети. На ваква слика наидоа утрово жителите на село Долно Српци, откако синоќа, неколку минути пред полноќ гром ја удри црквата Св Теодор Тирон во ова Пелагониско село. Денеска се уште беа вознемирини од синоќешното невреме кое беснееше во Пелагониско. Покрај црквата, оштетувања има и во помошните простории, а истот така громот го остави без струја и половина село.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани