АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пријатели и поддржувачи на апла.мк, ни испратија фотографии од манифестацијата „Денови на нарцисот -Лазарополе цути“,што се одржа вчера во Лазарополе. Фотографиите се рај за очите и душата , ја отсликуваат традицијата во Лазарополе каде со зурли и тапани се слави традицијата и афирмацијата на руралното културно наследство, материјално и нематеријално. Пред 3 години е возобновена традицијата која мештаните во овој крај ја практикувале пред речиси 30 години, како „Фестивал на нарцисот “која се одржува во време на цветањето на нарцисот.