АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Падна првиот снег во Битола. Тенка снежна покривка има по покривите на објектите и по тревните површини, а на коловозите снегот не се задржува. Утринската температура падна до еден степен под нулата, а максималната ќе биде 4 степени над нулата.
Системот за мониторинг на крупен дивеч поставен минатата недела на Пелистер, утрово регистрираше срна која се шета на првиот снег во Националниот парк.
Синоќа панда првиот снег на Пелистер како што се гледа и на фотографијата на планинарот Јонче Илиевски направена на врвот Антена. Илиевски вели дека снегот паднал уште вчера вечер во повисоките делови на планината над 2400 метри надморска височина, но снежната покривка засега е тенка и изнесува само неколку сантиметри.
Под тежината на снегот што наврна во текот на ноќта попушти и се сруши тенда на Широк Сокак. Воедно, врнежите предизвикаа и проблеми со струјното напојување во делови од месноста Бела Чешма и населбата Ушици во Битола..