2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За неполн процент повеќе гласови од Стево Пендаровски освои Гордана Силјановска Давкова во вторниот круг од претседателските избори во Битола. Според првичните неофицијални податоци на ДИК од обработени 100 проценти од гласачките ливчиња, Силјановска Давкова освои 48,56 проценти од гласовите на битолчани, а Стево Пендаровски 47,86 проценти. Во бројки тоа се 21 596 гласови за Силјановска Давкова, а 21 284 за Пендаровски. 

Сепак, на ниво на држава победник на овие претседателски избори е Стево Пендаровски кој успеа да ја победи Гордана Силјановска Давкова со над 58 000 гласови. 

Изборниот штаб на Стево Пендаровски во Битола објави дека има благо водство пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.  Ова го поткрепуваат и податоците од ДИК

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон ја поздави Битола како да е главен град на Македонија, откако и националниот координатор за НАТО во Македонија, Стево Пендаровски, рече дека таа е стариот главен град на Македонија и ги повикаа битолчани да излезат на рефрендумот. Тие гостуваа на трибината „За европска Македонија“ што се одржа на отворено на местото каде некогаш беше Белата фонтана во Битола.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани