2win800x200

По повод 3-ти декември, меѓународниот ден на лицата со посебни потреби , Форум на жени СДСМ Битола  и ЛК СДММ Битола , организираа хуманитарен настан под мотото "И НИЕ СМЕ ТУКА"

Собраните средства ќе бидат донирани во институциите каде престојуваат и учат деца со посебни потреби за нивното образование и едукација да се одвива без застој

Со предавање на тема "Св. Климент Охридски - Утринска sвезда на македонската и сесловенската писменост".  Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го о дбележан празникот Свети Климент Охридски – Чудотворец, кој е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски епископ.

Под мотото “Традицијата живее со хуманост” беше организирана регионална Велигденска трпеза, во Битола, на која учествуваа општинските комитети  на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и на Прилеп, Крушево,Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци, а присуствуваше и ИК на УЖ, која ја одразува традицијата на македонската жена и нејзините вештини во подготвувањето на храната, но и хуманоста, да им се обезбедат среќни празници и поддршка на оние кои им е најпотребна.

Претседателката на УЖ НА ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова порача - „Македонската жена, знае успешно да се справува со сите предизвици, во јавниот живот, активна и бескомпромисна во нејзиниот политички ангажман, но целата енергија ја црпи од својата традиција на вредна домаќинка, семејните традиции, кои се потпираат на хуманост, помагање и поддршка“.

Присуството на претседателката Рангелова во Битола, искористено и за работна средба со УЖ ОК ВМРО ДПМНЕ Битола

un zeni2

un zeni3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани