2win800x200

Од почетокот на кризата до денес,  Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Кичево, Ресен и Демир Хисар) земени се материјали за испитување (брисови) од вкупно 117 лица за COVID-19. Од вкупниот број на земени брисови, 101 се за лица со место на живеење во Битола, а 16 од Кичево, Ресен и Демир Хисар..

Преку цел ден најголема комунална бучава во Битола има кај кружниот тек меѓу улиците „Филип Втори Македонски“, односно некогашната „Иван Милутиновиќ“ и „Столарска“, поточно пред Здравствениот дом и кај месноста викана „Грозд“.

Мерењата на Центарот за јавно здравје од Битола за ланската година покажаа дека на кружниот тек пред Уредот отстапувања од граничната вредност има за четири децибели преку ден, вечер и ноќ. Така, преку ден и вечер измерените вредности покажале бучава од 59 децибели, а границата е 55, ноќе 49 децибели, а нормалата е до 45. Ова е зона на здравствена заштита и спаѓа во подрачје од втор степен на заштита од бучава.

Градот Битола и 19 селски населби кои со вода за пиење се снабдуваат од ЈП „Водовод“-Битола користат безбедна вода за пиење, ова го покажува анализатата за 2017 година од Центарот за јавно здравје во Битола. Додека, пак, битолските села кои користат вода од селските водоводи пијат небезбедна вода.

Страница 4 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани