Готов е муралот што деновиве го наслика тимот на Hybrid Minds Crew на дел од фасадата на зградата кај Атпазар во Битола.

FB IMG 1564345584461

Овој дел од зградата  со години беше лоша слика, место обраснато со грмушки, расфрлано  ѓубре, а фасадата ја нагрдуваа  разни графити. 

FB IMG 1564349488557

Сега ѕидот е разубавен со лик на жена со цвеќе во косата и птица над главата, а муралот со површина од 130 метри квадратни,е посветен на убавите жени по кои е позната Битола.

Проектот е дел од годинешното издание на "Битфест".

FB IMG 1564345571422

Претходно на овде беше поставена урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци, велоп паркинг и др, со што местото доби комплетно нов лик

 Покрај муралот кај Атпазар, тимот на  Hybrid Minds Crew, лани го нацрта муралот на зградата кај Шехерзада како и 3Д пешачкиот премин кај Горната гимназија

Фустани по европска мода со шлеп здолништа изработени од свила, атлас, кадифе, со чипка, тантела се носеле од Париз, Виена  или Солун за поимашливите битолчанки. Според гордеробата што ја носеле некои од нив, наликувале на парижанки кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани