АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пробно возење по железничката пруга Битола-Кременица со патнички воз
Возот од Скопје за Битола денес како на автобуска постојка си застана на железничкиот премин кај населбата Боримечка и симна двајца патници зашто оттаму му било поблиску да си одат дома. Ова за Апла.мк го посведочија возачи од Битола кои чекаа зад спуштените рампи возот да ги слези патниците, па да тргне понатаму. Тие коментираат дека возовите не се автобуси да запираат на секоја постојка, а најмалку на железнички премин додека сите други возила запираат давајќи му предност на возот.
Рампите на железничкиот премин на Дулие останаа кренати кога денеска во 13 часот минуваше возот од Битола за Скопје.
Бизарна случка што предизвикала нервоза кај патниците била причина утрово за доцнењето на возот на релација Скопје –Битола.
Машиновозачот случајно ги затворил во кабината клучевите од влезната врата на кабината на возот кој во 6 часот и 42 минути тргнал од Скопје за Битола. Кај железничката станица кај ,,Кадина река” , машиновозачот се симнал од кабината и застанал до возот додека чекал да стигне втор воз од спротивен правец за да се разминат на оваа желeзеничка станица. Tокму тогаш се затворила вратата од неговата кабина, а во неа и клучевите со кои единствено можел да ја отвори вратата.
Машиновозачот долго се обидувал да ја отвори вратата, а нервозата на патниците растела бидејќи ситуацијата се издолжила еден час и десет минути. Најголем дел од патниците биле работници кои се враќале од трета смена од работните места во Скопје.
Резервните клучеви биле пратени од Скопје со друг воз по што ја отвориле вратата од кабината.
Македонски железници транспорт, ја потврди информацијата за медиумите со најава дека согласно правилникот за работа против машиновозачот ќе бидат преземени соодветни мерки за овој случај.