АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден, 5 март 2006
На денешен ден 3 февруари 1977 г. кај Македонски брод загина Васко КАРАНГЕЛЕВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија и учесник во Антифашистичката војна, генерал на ЈНА Роден е на 7 јули 1921 г. во селото Брусник, Битолско.
Пред Втората светска војна е земјоделски работник. Член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ од 1941 г. и член на КПМ од 1943 г. Заменик-командант и командант на баталјонот „Стив Наумов“, заменик-командант на Четвртата бриада, а потоа командант на Петтата и Седмата бригада. На крајот на НОАВМ е командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија на НОВЈ. По Ослободувањето дипломира на Воената академија "Ворошилов" во Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), ја заврши Вишата воена академија на Југословенската Народна Армија (ЈНА).
Во ЈНА имаше чин генерал-полковник и е командант на дивизија, началник на штаб на корпус, началник на штаб на армиска област и командант на армија. Член на Централниот комитет на СКЈ. Прогласен за народен херој на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).
Подготвил: проф.д-р Александар Литовски, историчар
На денешен ден, 27 јули 1927 година, во селото Лавци, Битолско, е родена ФАНА КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, најмлад народен херој во цела некогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).
На денешен ден, 10 април 1942, во Битола загина Вангел Наумов ТОДОРОВСКИ-Мајорот, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.