АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани ќе може да чуваат повеќе од две кучиња во едно домаќинство. Уставниот суд, по иницијативата поднесена од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, го укина членот 106 од Одлуката за комунален ред на Општина Битола, донесена од Советот во 2012 година, со која беше предвидено во едно семејно домаќинство да може да се чуваат до две кучиња.
Зелено светло даде Советот на Општина Битола во градинките да се дозволи формирање на воспитни групи со поголем број на деца.Во Битола има две јавни установи за претшколска возраст со 14 градинки, во кои се згрижени близу 1800 деца.