АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со света богослужба во храмот Св.Атанасиј Велики во Новаци започна одбележувањето на Бадник-ден пред големиот празник Рождество Христово Божиќ.
На овој христијански собир меѓу своите сограѓани присуствуваше градоначалникот Љубе Кузманоски од каде упати честитка до сите православни верници ,граѓани на општина Новаци .
"Во пресрет на празнувањето на Бадник и Божиќ упатувам најискрени честитки до сите православни верници и граѓани на општина Новаци.
Во овие празнични денови Ви посакувам многу здравје,многу радост,успех и благосостојба .
Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина и благодет во секој дом .
Овие празници се уште една можност да се потсетиме на семејните и традиционалните вредности,на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе,да живееме во мир и благосостојба каде владее почитувањето,меѓусебното разбирање и соработката.Тука сме заедно секогаш како што потврдува традицијата на овие простори, да се гледаме, да славиме заедно, оти овие празнични денови имаат и порака за зближување, прошка, и затоа да посакаме подобро утре за сите
Со Божиќ го славиме раѓањето,како симболика на новиот живот кој значи нов почеток и надеж.
За многу години!
Честит и вековит Бадник !
Честит и благословен големиот христијански празник Божиќ!"
"КУД НОВАЦИ" од Новаци изминатиот викенд настапи на на фолклорниот концерт во Годлево,општина Разлог во Р.Бугарија. Патувањето и гостувањето на игроорците беше овозможено од Општина Новаци.
-Игроорците од „КУД НОВАЦИ“ се постојани промотори на фолклорот и традицијата од нашиот крај претставувајќи ја општина Новаци не само на национално туку и на меѓународно ниво.
Благодарност до градоначалникот Љубе Кузманоски и Советот на општина Новаци кои со финансиска поддршка го овозможија учеството на нашето фолклорно друштво во Бугарија.
Благодарност и до организаторите и добрите домаќини со што нашите членови од „КУД НОВАЦИ“ од Банско понесоа позитивни моменти, велат од „КУД НОВАЦИ“.