2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Интергрално го пренесуваме пресот на советничката од СДСМ Мирјана Ралевска Захариевска одржан пред Основното јавно обвинителство во Битола: 

„Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, со нивното незаконско делување во моментот, нанесуваат непроценлива штета на Општина Битола и на интересите на граѓаните на Битола.

Овие двајца самопрогласени “газди” на Битола најверојатно заради недостаток на реални проекти за градот, тргнале да прикажат пред ЕУ дека имаат овластување за пренамена на веќе обезбедените европски пари за реконструкција на објектот “Парк” за замислени велосипедски патеки само и само да стигнат по секоја цена до пари кои не ги добија на располагање со последниот ребаланс на буџетот оти во тој момент немаа никаков реален проект.
 
Ова го сториле без претходно да обезбедат донесување на Одлука од Советот на Општина Битола како што е предвидено во Законот за локална самоуправа, а Коњановски во текот на месец јули оваа година отишол и чекор понатаму и за оваа правна лакрдија склучил во име на Општина Битола Анекс кон Основниот договор.
Покрај самите себе, во целата ујдурма инволвирале и вработени од општинската администрација, сметајќи дека дополнително ќе обезбедат донесување Одлука од Советот на градот на седницата која се одржа на 2 октомври.
 
Со цел да ги разоткриеме и спречиме ваквите навики на Коњановски и Димитровски до ОЈО Битола денес поднесуваме информација со докази за сомнеж за сторени кривични дела кои државата ги гони по службена должност.
 
Ги повикуваме институциите на брзо, ефикасно и транспарентно постапување во овој случај кој е срам не само за градот, туку и за државата. Јасното лоцирање на одговорност кај Коњановски и Димитровски ќе потврди дека и двајцата работат против интересите на граѓаните и државата.
 
Од друга страна, овој случај е одлична можност да им покажеме на граѓаните дека имаме капацитет да се справиме како држава со ваквите сомнителни работи и да ја зајакниме довербата во институциите'', рече Мирјана Ралевска-Захариевска. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани