АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште 90 слободни места остануваат во средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола по второто пријавување во првиот уписен рок. Вкупно се пријавија 109 деветтооделенци, а примени се 41.
Во Битола има 797 завршени основци, а според конкурсот распишани се повеќе од двојно слободни места во средните училишта.
Наредната учебна година во седумте средни државни училишта во Битола, се отвараат вкупно 1966 слободни места за полуматурантите, јавува ТВ „Тера“. Бројката во Конкурсот на Министерството за образование е поголема од минатите години. Годинава во средносто Економско училиште е предвидена уште една паралелка. Ако минатата година со 4 годишно образование имаше 3 паралелки, годинава има 4 паралелки , и плус една паралелка со тригодишно образование.