АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешната седница на Извршниот одбор на Здружението за пензионери Битола под претседателство на претседателката Даница Петличкова беше едногласно усвоен Извештајот за работата на Здружението за ланската година и Годишниот финансиски извештај за 2021 година.
Претседателката Даница Петличкова во своето излагање изнесе дека Здружението на пензионери Битола, активностите во изминатата година, ги реализираше во согласност со Програмата за работа ,Статутот и одредбите од Законот за здруженија и фондации. За жал некои од активностите не беа реализирани во целост, а некои беа редуцирани, како резултат на состојбата со пандемијата од Ковид-19, но сепак изрази задоволство од сработеното.
Меѓу главните активности на Здружението беше онаа за воведување на социјална карта на пензионерите од Битола. И покрај отежнатите услови за спроведување на акцијата поради пандемијата, анкетарите завршија скоро 80% од планираните активности во извештајниот период. Она што остана не завршено како и внесувањето на податоците во програмата ќе се одвива во оваа година.
„Минатата година беше заменета кровната конструкција над канцелариите на пензионерите и салата за состаноци, која беше стара и прокиснуваше. Исто така, Здружението инвестираше во пензионерски клубови на месните ограноци во селата Кукуречани, Новаци и ,,Кочо Десано“ во Битола“, истакна Петличкова.
Средствата што останаа од нереализирани активности поради ковидот, беа пренаменети за потребите на пензионерите. Така, Здружението иницираше и реализира активност за давање на ваучери во парична вредност од 1000 денари за околу 1300 пензионери со најниски примања, пакети со прехрамбени производи по повод Велигденските празници и новогодишни пакетчиња на деца со попреченост во Основното училиште „Ѓорги Сугарев“ Битола.Во летниот период беа доделени околу 500 шишиња со ладна вода на пензионери и останати граѓани кои во редици чекаа пред банките, наплатните центри, поштата и други институции.
Петличкова пред присутните нагласи дека беше обезбедено и огревно дрво за пензионерите, таквата активност за запишување на огревно дрво за годинава продолжува и е во тек. Понатаму, Здружението посредуваше и при набавка на свински полутки за своите членови по пониска цена и плаќање на рати. Во 2021 год реализирани беа договори со битолски лаборатори за испитување на крвната слика и мерење крвен притисок. Се продолжи со учество во плакање 50% од цената на возните билети за превоз во градскиот и приградскиот сообраќај.
Поради пандемијата беа редуцирани поголем дел од програмираните активности од културно- забавниот живот и спортските активности. Од реализираните предвидени со програмата беше учеството на дел од членовите на пеачката група „Сирма Војвода“ на ,,Регионалната ревија на песни и игри“ во Прилеп и „Илинденски денови“ во Битола. Пензионери - спортисти настапија на Регионалните спортски игри во Прилеп, како и на Републичките спортски игри во Велес, каде што во трчање на 100 метри Битола освои златен медал.
Претседателот на Надзорниот одбор Мите Гегаровски повлече дека во 2021 година во материјално финансиското работење на Здружението , немало никакви злоупотреби и отстапки во согласност со законските прописи.
Во четврток во 12 часот е закажана седница на Собранието на Здружението на пензионери, каде ке се разгледуваат овие два документи.