2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ЛДП: Најтемниот период во училиштата беше во време на ВМРО ДПМНЕ, ќе се спротиставиме на цунамито кое го враќаат

Февруари 25, 2022

"По грубите невистини, лаги и клевети изречени на денешниот прес на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се направи обид за рушење на угледот на директорите, БАРАМЕ јавно извинување од читачот на текстот и партијата, и сметаме дека ова е увод во процесот чија  крајна цел е НЕЗАКОНСКА смена на директорите на училиштата",   реагираат од ЛДП  на пресот на ВМРО ДПМНЕ, на кој партијата прозива директори на училишта за нерегуларности во работењето.

"Потсетуваме дека најтемниот  период на владеење со училиштата, со милионски долгови, неплатени сметки и урнисано образование, за кои има и судски пресуди,  го предводеше Вмро-Дпмне
 
Нема да дозволиме партијата која има осудени директори за незаконско работење во училиштата, да ги нарушува угледот и да предизвикува вознемиреност кај директорите кои одговорно си ја извршуваат функцијата. 
 
 Не можејќи да се помират со успесите кои се постигнуваат во училиштата, со реновираниот двор во Тодор Ангелевски по 50 години, огромните вложувања и унапредувањето на образовниот процес, измислуваат лаги и клевет со цел да ги девалвираат успесите.  Никако да разберат дека не сме сите исти, дека не делиме исти вредности и дека тврдењето дека не се знае каде се комјутерите од донацијата е голема лага, за која ако не се извинат, јавно, јасно и недвосмислено, ќе го направат тоа на суд. 
 
 Комплетните документи за донацијата постојат во училиштето и доколку ги побараа сигурно ќе ги добиеја, ама целта не е вистината, целта е оцрнувањето, а  тоа нема да го дозволиме, а жестоко  ќе се спротивставиме на цунамито кое сакаат да го вратат повторно во училиштата", реагираат од ЛДП
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани