2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Депониите на Кркардаш се чистат по иницијатива на Левица, рече советникот Гаврил Трајковски

Март 16, 2022

„Ова е само почеток на расчистувањето на диви депонии во Општина Битола и по оваа ќе следуваат и ред други кои ќе бидат иницирани од нас како советничка група. Заедно со локалната самоуправа денес го комплетираме расчистувањето на оваа дива депонија која е една лоша слика за градот и со неа се загрозува животната средина“, рече советникот од Левица, Гаврил Трајковски.

-За нас како советничка група депониите се едни од приоритетните проблеми во општината. Ова не е финално решение за баирчани, но сме чекор поблиску до комплетно решавање на проблемот со дивите депонии во ова населено место, додаде Трајковски.

Левица до Општина Битола има поднесено проект „Рекреативна зона Кркардаш“ и е дел од програмата за локален економски развој на општината. Со него, се очекува да се финализира проблемот со дивите депонии и на ова место да никне една зона каде граѓаните ќе рекреираат, спортуваат и дружат.

„Целта на овој проект е да се уреди и заживее ридот над Кркардаш и истиот да се заштити од постанување складиште на диви депонии. Во проектот се предвидени: поставување на рампи на влезовите на пешачката зона, со цел спречување на одлагање секаков отпад и правење диви депонии, простор за велосипедска патека, поставување на улично осветлување, канти за отпадоци, реконструкција на каналот за атмосферски води“, рече советникот.

Од Левица очекуваат локалната самоуправа да го реализира проектот со ист интензитет како расчистувањето на оваа депонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани