2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За мостот кај Безистенот еден месец се чека согласност од Министерството за животна средина, обвинија од ВМРО –ДПМНЕ

Март 17, 2022

Денес, се навршува точно еден месец откако проектната документација за реконструкција на мостот кај Безистенот во Битола, чека водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. Општина Битола, иако во рекордно време ја подготви потребната документација, голготата низ лавиринтите на државните институции, трае од крајот на месец јануари, обвини Бојан Бојкоски - советник од ВМРО-ДМНЕ.

-Откако проектот беше вратен од страна на Управата за заштита на културно наследство, и ревидиран, конечно на крајот на февруари добиено е потребното конзерваторско мислење.

На 18 февруари, документацијата за мостот е доставена до Министерство за животна средина и просторно планирање, за потоа да може да се побара потребната документација за одобрување на реконструкцијата на мостот од Министерството за транспорт и врски.

Општина Битола, до овој момент нема добиено никакво официјално известување од страна на надлежните институции, рече Бојкоски и доаде додека службите во Општината ја чекаат документацијата, а граѓаните мостот, опструкциите од централната власт се евидентни, поткрепени со факти, рече Бојкоски.

-Наместо соодветно укажување кое треба да биде испратено од страна на министерството за животна средина до општината, на седницата на совет пред два дена, преку СМС пораки, советник од СДСМ, јавно не извести дека, замислете Министерката за култура во 18.00 часот попладне, знае дека општината нема да ја добие потребната согласност од животна средина, а предметот ќе биде вратен заради наводно некомплетна документација.Се поставуваат прашањата: како министерката за култура, во 18.00 часот попладне има информации од Министерството за животна средина кои значат одолговлекување на постапката за реконструкција на мостот, а службите во општината не располагаат со овие информации“, праша советникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани