ПЕТРОВСКА ПОКАЖА МЕДАЛ ОД ПИНГ- ПОНГ И ВЕТИ ПОДДРШКА НА СПОРТОТ ВО БИТОЛА

Октомври 03, 2017

Сум имала прилика во мојот живот да се радувам на освоен медал, знам што значи радоста кога ќе ви го стават медалот на градите, рече Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалиционите партнери. Тоа, на прес конференцијата го потврди покажувајќи го личниот медал што го добила на државно првенство во пинг –понг.

 

 По ова вети дека доколку ги добијат изборите ќе подигнат  мултифункционален спортски комплекс кој што ќе ги врати спортовите во Битола како што се пинг понг, куглање, бокс, гимнастика, атлетика.

-Битолчани, младите мора да имаат палета за избор на спортови како би се пронашле во еден од нив. Само така можеме да градиме здрави генерации, само така може да имаме здрава младина. Тоа е обврска на локалната самоуправа што ја презедовме и ќе ја реалзираме, изјави Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани