АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од изјава на Виолета Дракалска од редовите на СДСМ Битола
Со читачите на реплики што ги праќа, Коњановски не ја потценува СДСМ, туку ги потценува битолчани.
Битолчани не сакаат да слушаат за наше и ваше време. На битолчани им е смачено ДПМНЕ да се правда за своите неуспеси со СДСМ, а девет месеци е на власт во Битола. Притоа, не смее никогаш да се заборави дека ДПМНЕ наследи општина со пари, јавни претпријатија со пари, реновирани училишта без долгови. Како им успеа се да упропастат за само девет месеци? Тоа сакаат да го слушнат битолчани.
Го повикавме неколкупати градоначалникот Коњановски да даде одговор на неколку многу едноставни прашања.
- Во каква состојба беа јавните претпријатија при назначувањето на актуелните директори?
- Со колку пари од буџетот на Општина Битола Коњановски планира да ги помогне претпријатијата?
- Дали ДПМНЕ подготвува поскапување на сметките за вода и смет?
- Како Коњановски ќе ги зголеми платите на вработените во јавните претпријатија ако тие се пред колапс?
Но, очигледно, Коњановски нема намера да им објасне на граѓаните што зборува директорот на Водовод што тој го назначи. ДПМНЕ била и ќе остане раштиман оркестар.
Затоа, ја повикуваме Претседателката на Советот на Општината, Габриела Илиевска да биде единствениот глас на разумот во локалната власт во Битола. Дали овој, поинаков начин на работа на јавните претпријатија во Битола е тоа на што се надеваше Поинаку? Ќе побара ли Илиевска одговорност од членовите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија за кои гласаа и советниците на Поинаку?
Битолчани не се надеваа дека во градот некогаш ќе се вратат црните времиња на Талески и компанија. Но, денес живееме реприза во која дури и актерите се истите оние што ја опустошија Битола.