АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Партијата Обединети за Македонија ја дава својата поддршка за кандидатите за советници од СДСМ и коалицијата и кандидатот за градоначалник на Битола, Наташа Петровска. Претседателот на партијата , Љубе Бошковски, при посетата на Битола, изјави дека овие избри имаат референдумско значење
-Обединети за Македонија ја дава поддршката за Наташа Петровска. Овие локални избори не се обичн избори, туку за Обединети за Македонија ова е референдум против режимот на Груевски. За уривање на режимот не е доволно само централната власт, затоа што животот на граѓаните е во општините. Важно е и тука да се врати демократијата и Груевски да замине во историјата, изјави Бошковски,