2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ: Градоначалникот Коњановски да ги повлече грешните решенија за данокот на имот со кои им се наплаќа на граѓаните трипати повисок износ

Мај 15, 2023

Интегрален текст од изјавата на Виолета Дракалска, СДСМ Битола.

 

Градоначалникот Тони Коњановски да ги повлече решенијата за данок на имот кои се со трипати повисоки суми во однос на минатата година и да не ги малтретира битолчани да одат в општина за да направат корекција.

Деновиве од страна на Општина Битола се доставуваат решенијата за Данок на имот за 2023 година со потпис на градоначалникот Тони Коњановски. Најверојатно, во брзањето да се изработат решенијата за да се полни буџетот што Коњановски и компанија немилосрдно и ненаменски го трошат, воопшто не е запазена законската процедура при утврдување на висината на данок на имот кој го плаќаат граѓаните на Општина Битола.

Согласно измените на Законот за данок на имот кој се применува од 2022 година, општината беше должна минатата година да отпочне со процес на ревизија на пазарната вредност на недвижниот имот и да ја намали сумата на износот на данок на имот заради годините на старост на објектите. Исто така, општината требаше да утврди кои сопственици не го користат својот имот за сопствени потреби или не го издаваат во закуп и врз основа на тоа да го пресмета данокот на имот кој треба да го плати граѓанинот.

Но, наместо тоа Коњановски на битолчани им испрати решенија со трипати повисок износ, иако живеат во објектот што се оданочува.

Особено е проблематично што Коњановски речиси на сите кои поседуваат деловен простор им испрати решенија со трипати повисок данок на имот иако истите го користат за сопствени потреби или го издаваат под закуп. Со тоа градоначалникот директно го прекрши Законот за данок на имот.

Од овие причини, деновиве во Општина Битола граѓаните чекаат во редица за да се направат исправки. Заради неспособноста на Коњановски битолчани се малтретираат и се изложуваат на дополнителни трошоци за некакви изјави на нотар и тековна состојба од централен регистар.

Наместо да изигрува аѓутант на Мицкоски по битолските села, Коњановски нека се фокусира на обврските што ги има како градоначалник. За автопатите има кој да се секира, не е тоа негова работа. Негова работа е да наплати данок на имот во Битола, ама и тоа не може оти ги згреши решенијата.

Затоа, бараме Коњановски да го почитува Законот за данок на имот, да ги повлече доставените решенија, да ја утврди фактичката состојба на имототе на граѓаните, па потоа да достави нови решенија за наплата!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани