2win800x200

СДС продолжува со лични дискредитации и сатанизирање на уметници, рече Ѓоргиевска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ

Јуни 09, 2023

Интегрална изјава на  Анета Ѓоргиевска советник на ВМРО-ДПМНЕ  во општина Битола: 

„Во недостаток на аргументи СДС продолжува со лични дискредитации, сатанизирање на уметници пропагирајќи ја нивната позната теза дека културата во Битола се користи за перење на пари. Ве повикуваме јавно да излезете со докази за наводен криминал и ве прашуваме дали со овие тврдења сакате да кажете дека во последните 20 месеци во пералната на пари учествувал и Симон Трпчевски, Меморија, Каролина Гочева, МКЦ Битола, Француската алијанса, НУ центар за култура, НУ Народен театар Битола, Владимир Костов, камерни и симфониски оркестри, театри од земјава и светот и уште стотици уметници поддржани од Општина Битола?

Јавната општинска установа КИЦ Битола е ваша творба за која кажувавте дека ќе биде установа која ќе го одржува толку извиканиот Офицерски дом а сега ви смета што истата таа установа троши буџетски пари. Кога лажевте за успешниот проект сега или тогаш?

Со ваквите клевети, навреди и јавно дискредитирање на уметниците и прес конференции без ниту еден аргумент само ја деградираат уметноста, уметниците а ги дискриминираат сите оние кои сакаат да посетуваат културни настани, илјадниците туристи и вљубеници во уметноста.

Времето кога 8 милиони се трошеа на култура без јавни огласи и без никаква видливост помина, дали притисокот кој го наметнувате со ваквиот наратив значи дека сите национални институции треба да прекинат со работа или ова се однесува само на Општина Битола?

На крајот ве повикуваме да престанете да создавате партиска култура а да градите културна политика која ќе биде на задоволство на сите битолчани.

Дајте аргументи и решенија доста е шарени лаги и дисквалификации, на уметниците може да им скратите се освен талентот и љубовта кон уметноста“, рече Ѓоргиевска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани