2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Корлевски: Битола пропаѓа, а јавните претпријатија се на работ на бездна

Јуни 16, 2023

 

Интегрален текст од изјавата на Борче Корлевски, советник од СДСМ

Еден по еден, се изредија деновиве директорите на битолските јавни претпријатија за да се правдаат пред битолчани зошто ништо не сработиле и по повеќе од година и пол локална власт на ДПМНЕ! Виновни се сите други, само тие не!

 
Со ливчињата напишани во дувлото на ДПМНЕ кажаа сѐ, само не за злоупотребите што се прават во јавните претпријатија со кои раководат! 
 
Во Комуналец, раководители на сектори, си пишувале прекувремени саати за да земат повисоки плати. Без одлука од Управен одбор, без било каков документ. Дисциплинска комисија ги утврдила ујдурмите, ама и екс директорката Гордана Наумовска и актуелниот директор Горан Степановски замижале пред прекршувањето на законите. Наместо да ги казни, ги наградува сторителите со дневници за семинари низ државата и во странство. 
 
Во Водовод, трудов инспектор утврдува како директорот Пеце Милевски незаконски ги зголемил платите и ги унапредил на раководни позиции неколкумина вработени кои се високи партиски функционери на ДПМНЕ или нивни блиски. 
 
Слични работи се случуваат и во општината. Луѓе блиски до ДПМНЕ со анекс на договор добиваат и до 30 % повисоки плати. 
 
Заради ова Битола пропаѓа, а јавните претпријатија се на работ на бездна. Главната грижа на ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски не се проекти и инвестиции, туку да се задоволат желбите и апетитите на сопартијците. Кога и да раководи ДПМНЕ со Битола, на градот му се случува катастрофа!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани