2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ: Градоначалникот Тони Коњановски да го разреши директорот на Јавното претпријатие Паркинзи, Зоран Михајловски

Јуни 26, 2023
 
Михајловски дозволил приватна фирма да се рекламира на возот Мечо, без да го извести Советот на Општина Битола! Со тоа, директорот на Паркинзи не само што ги довел во подредена положба сите останати фирми во Битола, туку покажа елементарни непознавања на процедурите и законите! 
 
Михајловски тврди дека фирмата сама го контактирала и дека сам остварил средба од која нема записник. Но, во соопштението на Општина Битола од промоцијата на Мечо во градскиот парк стои дека фирмата била вклучена во активности кои се дел од функционалноста на возот. Кој лажи во случајов? Михајловски или Коњановски? Со што приватната фирма овозможила функционалност на возот? Фирмата го плати возот за кој советниците одобрија средства од буџетот на градот? Затоа општината од сите фирми во Битола баш неа ѝ дозволи да се рекламира? Какви матни зделки прават Михајловски и Коњановски дури и со еден детски воз?
 
Аматеризмот на Михајловски во менаџирањето со Паркинзи оди до таму што пред шест месеци го најави доаѓањето на возот Мечо во Битола, а уште нема утврдено цена на билетот! 
 
Михајловски нема утврдено работно време на возачот на возот!
 
Михајловски уште не знае на кој ќе плаќа за потрошената струја за полнење на возот!
 
Михајловски не знае колкави ќе бидат трошоците за Мечо, ама мисли дека сметката за струја нема да биди голема оти разговарал со луѓе што имаат електронски возила!
 
Единственото нешто што Михајловски го знае веројатно се басни. Ама, на битолчани им е смачено од приказните на ДПМНЕ и на Коњановски! Кога и да ја добијат довербата од граѓаните да раководат со Битола, зад себе оставаат хаос!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани