Интегрален текст од прес конференцијата на Јадранка Павловска, советник од СДСМ:
„Се зголемува бројот на кандидати од битолскиот огранок на ДПМНЕ кои сакаат да му прават друштво во прилепскиот затвор на нивниот сопартиец, Владимир Талески!
Заменик градоначалникот на Битола и координатор на советничката група на ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, имал наводно сознанија за криминална група која манипулира со каснувањата од кучиња скитници во Битола, а се до последната седница на Совет молчел и никаде не го пријавил тоа!
Наместо како совесен граѓанин, а потоа и како втор човек во општината, да ги сподели информациите што наводно ги има со органите на прогонот, Бојкоски го прикривал кривичното дело! Тоа е казниво според Кривичниот законик!
- Колку битолчани каснати од кучиња скитници носи на совест Бојкоски?
- Кога дознал за наводниот криминал што се прави со каснувањата од кучиња скитници во Битола?
- Зошто молчел до седницата на Советот одржана во вторникот?
Бојкоски одговорите им ги должи на битолчани!“