2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Маричиќ: Со заедниците во Уставот не значи дека ќе има помалце Македонци, туку дека Македонците ќе се поблиску до ЕУ

Август 19, 2023
Фото Рацин.мк Фото Рацин.мк

Подобар Договор од овој кој го имаме не може да се постигне, со овој сме во поволна позиција од која може лесно и безболно за нашите национални интереси да се поентира и да се загарантира европската перспектива, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за рацин.мк. Според него, секоја кандидат држава има своја траекторија и свои предизвици во процесот на пристапување, зависно од посебните услови кои земјите членки на ЕУ ќе ги дефинираат, на што имаат право, покрај општите познати Копенхашки критериуми.

-Имаме кристално јасна утврдена рамка, само треба да ја реализираме. Внесувањето на бугарската заедница, хрватската, црногорската, еврејската во македонскиот Устав не прави никаква штета на ниту една етничка заедница, ниту на Македонците како конститутивен и најброен народ во Северна Македонија. Внесувањето на овие заедници во Уставот нема да значи дека од денот после гласањето во нашата држава или во светот ќе има помалце Македонци. Не, тоа ќе значи дека од тој ден Македонците ќе бидат многу поблиску до ЕУ, со отворени поглавја, со повеќе европски пари на располагање и со повеќе започнати реформи, вели Маричиќ.

Тој додаде дека околу заштитата на македонскиот јазик и идентитет во Договорот нема никаква дилема и не треба никој да има.

-Никогаш не сме преговарале ниту некој може да преговара за идентитетските обележја бидејќи со изгласувањето на Резолуцијата во Собранието поддржана и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ веќе се исцртани нашите црвени линии за македонскиот јазик и идентитетот, заклучи Маричиќ.

Извор: Рацин.мк

Линк https://racin.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани